Mondelēz International го финализира договорот за аквизиција на Chipita Global S.A.

11

Mondelēz International, Inc. (Nasdaq: MDLZ) вчера објави дека го финализираше договорот за аквизицијата на Chipita Global S.A., брзорастечкиот лидер во категоријата на производство на кроасани и благи и солени ужинки во Централна и Источна Европа.

Аквизицијата ќе му овозможи на Mondelēz International да понуди широко портфолио на пекарски производи во Европа, задоволувајќи ја растечката побарувачка на потрошувачите за овој сегмент. Исто така, отвора силен потенцијал за иновации, здружувајќи ги познатите брендови на Mondelēz International, како Cadbury и Milka, со саканиот кроасан Chipita Global S.A и брендовите за благи и солени ужинки како 7Days. Производите на Chipita веќе достигнуваат две милијарди потрошувачи во повеќе од 50 земји.

„Chipita е фантастичен бизнис, изграден врз силни темели од тим од неверојатно талентирани луѓе. Со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на луѓето, омилените брендови и моќното наследство во Mondelēz International, во рамки на унапредувањето на нашата стратегија да станеме глобален лидер во производството на ужинки и закуски“, вели Винс Грубер, EVP и претседател на Mondelez Европа. „Етаблирањето на Mondelēz International во категоријата на кроасани и благи и солени ужинки преку Chipita Global S.A. ќе придонесе за забрзан раст на компанијата низ Европа и ќе помогне да го прошириме нашето присуство на клучните брзорастечки пазари во Централна и Источна Европа“.

Од денес, ќе биде формиран привремен менаџерски тим за управување со операциите на Chipita и за поддршка на процесот на интеграција, кој ќе се одвива во 2022 година. Привремениот менаџерски тим, кој е избалансиран спој на искусни лидери од Mondelēz International и Chipita Global S.A., ќе го предводи Иво Најденов, кој е во Mondelēz International речиси 20 години и има работено интензивно низ југоисточна Европа. Иво ќе донесе широк спектар на експертиза во оваа улога, изградена во текот на долгата кариера во индустријата за храна и ужинки, во и надвор од Mondelēz International.

Новиот привремен извршен директор, Иво Најденов, рече: „Долго се восхитувам на Chipita и возбуден сум што ќе работам заедно со нашите нови колеги за поддршка на иновациите и одличните комбинации на нови производи, што ќе произлезат. Заедничкото започнување на оваа врска носи можност и двете компании да учат една од друга, но и да растат заедно, создавајќи нови перспективи за нашите луѓе и брендови. Планираме да ја внесеме Chipita Global S.A. во Mondelēz International на внимателен, одговорен и грижлив начин, почитувајќи го големиот бизнис што го изградија нејзините луѓе во последните 40 години.“

Дополнителни детали за долгорочните лидерски планови, надвор од периодот на интеграција, ќе бидат споделени во догледно време.

За Mondelēz International

Mondelēz International, Inc. (Nasdaq: MDLZ) им овозможува на луѓето да грицкаат во над 150 земји низ светот. Со нето приходи во 2020 година од приближно 27 милијарди долари, MDLZ ја предводи иднината на грицките со иконичните глобални и локални брендови како што се бисквитите OREO, belVita и LU; Cadbury Dairy Milk, Milka и Toblerone чоколадо; Sour Patch детски бонбона и гумите за џвакање Trident. Mondelēz International е горд член на Standard and Poor’s 500, Nasdaq 100 и Dow Jones Sustainability Index.

За Chipita

Chipita е основана во Грција пред 40 години. Таа е еден од најголемите производители на солени и благи ужинки во Централна и Источна Европа, со приближно 580 милиони долари приход во 2020 година. Со водечка позиција во производството на пакувани кроасани и ужинки, компанијата има портфолио на познати брендови кои ги вклучуваат: 7Days, Chipicao и Finetti. Столб во донесувањето одлуки на компанијата е развојот и ширењето на ужинки на многу пазари, поттикнати од иновациите и силните производствени способности. Има 8 производствени погони со присуство во над 50 земји и вработува повеќе од 5.400 вработени.