Mонети кои може да достигнат до 25.000 евра

38

Една многу специфична евромонета може да достигне цена до 25.000 евра.

Монетата евро која е од голем интерес за колекционерите е онаа на која се гледа женско лице, а може да вреди и до 25.000 евра, пишува магазинот Феникс.

На монетата е прикажана позната и моќна жена која повеќе од 30 години уживала почит и симпатии на луѓето во нејзината татковина и во странство – тоа е Беатрикс, холандската кралица.

Таа ја наследи нејзината мајка Јулијана на тронот на 30 април 1980 година, кога националните валути беа претворени во евро. Како резултат на тоа, на сите монети од еврото кои оттогаш влегле во оптек, се наоѓа ликот на кралицата.

Откако Беатрикс абдицира како холандска кралица на 30 април 2013 година, точно 33 години по нејзиното крунисување, нејзиниот најстар син Вилем-Александер стана крал. Од ковањето во 2014 година, неговата глава ги краси холандските монети.

Зошто овие монети се толку вредни за колекционерите?
Монетите што ја прикажуваат Беатрикс од 2000, 2001 и 2002 година се особено популарни кај колекционерите, меѓутоа, постојат разлики меѓу монетите – монетите од 1 и 2 евра имаат само дел од профилот на Беатрикс на нив. Втората половина е окупирана со натписот „Беатрикс, кралица на Холандија“ и годината на објавување. На останатите монети, пак, може да се види целосниот профил на поранешната кралица.

Причината зошто продавачите можат да наплаќаат толку високи суми е веројатно поради огромната популарност на Беатрикс.

Има еден детал што ја прави паричката особено вредна – ако е погрешно искована. Од 2018 година, различни продавачи ја нудат монетата од 2 евра со таканаречениот „двоен прстен“ за 25.000 евра.

Другите лажно исковани монети достигнуваат продажни цени од 10.000 евра и повеќе, како што е монетата на катедралата во Келн, издадена во 30 милиони примероци, а една грешка на неа предизвика драматично зголемување на вредноста.

Годината на издавање исто така влијае на цената. Евра монетите од 2000, 2001 и 2002 година сега се стари над 20 години и затоа се релативно ретки и затоа вредат повеќе.