MoneyGram ќе има нов сопственик по договор вреден 1,8 милијарди долари

MoneyGram, една од најголемите светски компании за трансфер на пари, ќе има нов сопственик. Madison Dearborn Partners, приватна инвестициска фирма, ќе го купи бизнисот за 1,8 милијарди долари, пренесе Ројтерс.

Фондовите, поврзани со Madison, нудат 11 долари по акција на MoneyGram, што е за 23 отсто повеќе по затворањето на берзата во понеделникот. Неговата пазарна капитализација порасна за 20 проценти на 10,7 долари по веста за договорот.

Минатиот месец, Ројтерс објави дека MoneyGram првично добил понуда за акции од 10,5 долари од Madison, како и конкурентни понуди од Siris Capital Group и Advent International.

MoneyGram, кој има скоро 800 милиони долари нето долг и повеќе од 150 милиони корисници, стана цел на стекнување откако не успеа да се натпреварува со конкурентите како што е Western Union.

Во последните години, компанијата постојано преговараше со потенцијалните купувачи. Во 2018 година беше договорено да биде продаден за 1,2 милијарди долари на кинеската Ant Financial на Џек Ма, но договорот пропадна поради загриженоста на американската влада.
Во 2020 година се шпекулираше дека може да биде купена од Western Union.