Монмартр под притисок: Париз се соочува со последиците од прекумерниот туризам

Жителите на парискиот кварт Монмартр сè повеќе предупредуваат за прекумерниот туризам што се интензивираше по Олимписките игри во 2024 година, бидејќи веруваат дека локалната инфраструктура е преоптоварена, а секојдневниот живот потиснат поради напливот од краткорочни посети.

Минатата година, парискиот регион го посетија 48,7 милиони туристи, од кои околу 11 милиони го посетија Монмартр – главно за погледот на базиликатаf Sacré Cœur de Montmartre, а локалното население почнува да се жали на вишокот посетители, објавува Ројтерс.

„Луѓето доаѓаат на три часа, купуваат беретка и јадат палачинка, како да се во забавен парк“, вели Ана Ронуди, претседателка на здружението „Живот во Монмартр“.