Монпелје ја добива првата “зелена“ железничка станица

45

im (1)

Архитектот Марк Мимрам овие денови го претстави планот за железничка станица исполнета со светло и градини, што ќе ги воодушеви сите патници кои пристигнуваат во францускиот град Монпелје со воз.

Според најавите, железничката станица би требало да биде завршена до 2017 година, а архитектот Мимран вели дека сакал да креира станица за возови што во целост ќе биде исполнета со природа.

im (2)

Железничката станица ќе биде исполнета со медитеранска вегетација, која продолжува и надвор од главната зграда и ќе го поврзе руралниот предел со овој превозен терминал. Станува збор за инфраструктура за TGV возови, а низ железничката станица, според најавите, до 2030 година годишно ќе поминуваат околу 3,5 милиони патници.

Впечатливата конструкција на покривот ќе помогне во намалување на емисијата на штетни гасови.

zeleznicka mp