Монт Еверест покриен со 4Г мрежа

72

mont everestHuawei и China Mobile го покрија Монт Еверест со 4Г мрежа. Сега алпинистите на 5.200 метри надморска височина ќе можат да се јавуваат во живо и да ја споделат прекрасната глетка, благодарение на достапноста до LTE TDD 4G безжичната технологија, пишува The Telegraph.

“Спроведувањето на 4Г на Монт Еверест претставува важен чекор во глобалниот развој на LTE TDD. Многу сме возбудени што направивме ова да биде можно и со нетрпение очекуваме да работиме со повеќе оператори во светот, да се донесе голема брзина во мобилните широкопојасни услуги во секое време и насекаде”, изјави Дејвид Ванг, претседател на Huawei.

Huawei досега разви LTE TDD решенија за речиси 40 оператори во Азија, Блискиот Исток, Северна Америка, Јужна Америка, Западна Европа, Русија и Африка.

Пред три години, непалскиот телеком Ncell ги лансираше првите 3G услуги во базниот камп на Монт Еверест и успешно го направи првиот телефонски повик од 5.200 метри.