Германскиот производител на алатки за пишување Montblanc во чест на Кинеската година на мајмунот претстави ограничена верзија на пенкала наречена – Limited Edition Monkey Fountain Pen.
Како што пишува Luxpresso, капачето на пенкалата има рачно изгравиран огнен мајмун заедно со последните шест години на ова животно коишто се преставени со сребрени и бисерни амблеми.
Самото пенкало е премачкано со скапоцен црн лак, а истиот е нанесен на основа од месинг со платина и сребро. Неговиот завршеток е украсен со Peridot, скапоцен камен што се поврзува со датумот (месецот) на раѓањето на мајмунот.
Делот за пишување е изработен од 18 каратно злато, а на него се изгравирани мајмунот и годината 2016. Ова уметничко дело е произведено во само 512 примероци.
Бројката 512 не е одбрана случајно, од причина што брендот дава значење на бројот осум којшто во кинеската култура означува просперитет. Осум помножен со три го дава бројот 512 и така просперитетот, односно среќата е три пати поголема.