Montenegro Airlines продава два фокера

26

fokker

Црногорската национална авиокомпанија Montenegro Airlines (MA) распиша оглас за продажба на два авиона од типот Фокер Ф100 по минимална вкупна цена од 1,16 милиони евра.

Право на учество на конкурсот имаат домашни и странски компании кои до 18 декември ќе достават понуди и ќе уплатат депозит од 1% од почетната цена на авионот што се продава. Почетната цена на едниот авион е 501.090 евра, а на другиот 659.850 евра, пишува Вијести.

Во јуни годинава компанијата доби дозвола од црногорската влада да продаде три авиони од типот Фокер. Ваквата одлука беше донесена затоа што трите авиони се надвор од оперативна употреба бидејќи им истекле ресурсите.

Авионите Фокер 100 во просек се стари 23,5 години, со што спаѓаат меѓу најстарите летала од овој тип кои до скоро беа во оперативна употреба. Од друга страна, МА располага со три модерни авиони од типот Embraer ERJ-195 со просечна старост од само четири години. Еден од овие три авиони е во сопственост на авиокомпанијата, а останатите два се изнајмени на лизинг на осум години.