Монтенегроерлајнс ги повлекува старите фокери

23

montenegroЦрногорската национална авиокомпанија Монтегроерлајнс се соочува со проблемот стареење на дел од флотата која мора да се замени. Станува збор за авиони од типот фокер 100, кои се во просек стари 23,5 години, со што спаѓаат меѓу најстарите летала од овој тип во оперативна употреба. Како што пишува Вијести, од пет фокери произведени во периодот од 1989 до 1992 година, веќе за десетина дена во оперативна состојба ќе останат само два. Првиот фокер е повлечен на крајот на 2011 година, на 31 декември 2013 е приземјен вториот, а на 1 март ќе биде повлечен и третиот фокер.

Од друга страна, МА располага со три модерни авиони од типот Embraer ERJ-195 со просечна старост од само четири години. Еден од овие три авиони е во сопственост на авиокомпанијата, а останатите два се изнајмени на лизинг на осум години, пишува Вијести.