Moodo – паметна миризлива кутија за домот

28

moodo

Moodo е паметна кутија што на корисникот му овозможува целосна контрола на мирисот на просторот во којшто живее и работи. Кутијата е поврзана со мобилна апликација преку која лесно може да се промени мирисот што корисникот сака да се шири во просторијата во која се наоѓа.

Во Moodo има простор на четири капсули со различни мириси, па корисникот со мобилната апликација може да избере во која просторија каков мирис сака да почувствува. Капсулите ги има во повеќе комбинации во коишто преовладуваат мириси од: сандалово дрво, ванила, лаванда, цитрус…

moodo-1

Капсулите се направени од природни материјали и тие може да се најдат во повеќе парфимерии во САД.

Тимот што стои за Moodo го претстави својот старт – ап на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, каде бара поддршка од 50.000 долари.