Moody’s: Tesla ќе остане лидер на пазарот за електрични возила во 2022 година

78

Moody’s го зголеми рејтингот на долгот на американскиот производител на автомобили Tesla Inc. со два степени до Ba1 од Ba3, што ги одразува очекувањата на рејтинг агенцијата дека компанијата предводена од Илон Маск ќе ја задржи позицијата на водечки производител на електрични возила, пренесе Ројтерс.

Агенцијата потврди дека изгледите за Tesla остануваат позитивни и компанијата ќе продолжи да го зголемува производството и да ја подобрува својата профитабилност.

Фискалната политика на Tesla најверојатно ќе остане здрава, а ликвидноста ќе продолжи да биде „многу добра“, според Moody’s. Агенцијата додаде дека поконкурентното снабдување со целосно електрични возила од други производители на автомобили може да започне да врши одреден притисок врз маржите на компанијата во 2023 година.

Во јануари, Tesla објави рекордни испораки за последниот квартал, што далеку ги надмина проценките на Волстрит, надминувајќи го глобалниот недостиг на чипови бидејќи го зголеми производството во Кина. Ова беше шести последователен квартал во кој автомобилскиот концерн со најголема пазарна капитализација во светот забележа рекордни испораки.

Рејтинг агенцијата, исто така, очекува Tesla да испорача речиси 1,4 милиони возила во 2022 година, од околу 936.000 во 2021 година.

И покрај силната 2021 година, Tesla заостанува зад американскиот производител на автомобили во однос на растот на цената на акциите. Минатата година, американската Ford Motor Co. објави 140 отсто зголемување на вредноста на своите акции, пред компанијата на Елон Маск и лидерот на локалниот пазар General Motors.