Moona – систем што го подобрува спиењето

41

Фото: Kickstarter

Moona е паметен систем што го олеснува и оптимизира спиењето со тоа што ја прилагодува температурата на главата и вратот во текот на целата ноќ.  Исто така, помага корисникот да се разбуди свеж и полн со енергија за претстојниот ден.

Системот е базиран на вода којашто се загрева и лади според потребите. За да заспиеме температурата на нашето тело треба да се намали, а клучна улога во термо – регулацијата имаат нашите глави. Во текот на ноќта, температурата треба да е пониска, но како што наближува утрото потребна е малку повеќе топлина со цел да се разбудиме наспани и продуктивни.

Пред првото користење на Moona, корисникот треба да пополни прашалник со којшто се одредува профилот на спиење. Потоа, системот му помага на корисникот да го оптимизира спиењето во период од 10 дена. Moona го прилагодува профилот на температурата (ºC/ºF), користејќи информации од вградениот сензор за спиење, сензорот за температура и влажност, промените на температурата во текот на ноќта и информациите од апликацијата.

Системот се става на горниот дел од перницата без разлика на нејзината форма и материјал, а составен е од мемориска пена и тенки канали за спровод на вода.

Производот има и своја кампања на Kickstater, каде што досега има собрано околу 115.000 долари од првично побараните 50.000 долари.