Morgan Stanley предвидува рецесија во еврозоната во последниот квартал

49

Економистите од американската банка Morgan Stanley веќе очекуваат дека еврозоната ќе западне во блага рецесија во четвртиот квартал од оваа година во позадина на намалените резерви на енергија од Русија, објави „Блумберг“.

Во извештајот објавен во средата, економистите на банката, вклучително и Јенс Ајзеншмит, напишаа дека економијата ќе се намалува два квартали пред да продолжи со раст во вториот квартал на следната година благодарение на зголемените инвестиции.

Економистите ја променија својата прогноза поради веројатноста за намалување на испораките на руски природен гас во Европа и влошување на расположението меѓу потрошувачите и бизнисите, заедно со забрзување на инфлацијата.
„Ризиците за иднината се зголемени“, напишаа Ајзеншмит и неговите колеги.

И покрај забавувањето, економистите посочуваат дека со ваква висока инфлација, сепак очекуваат Европската централна банка на секое собрание оваа година да ги зголеми каматните стапки на депозитите на 0,75% во декември. Сепак, тие забележуваат дека зголемувањата може да престанат по септември доколку се влошат изгледите.

Минатата недела, две други големи банки, Дојче банк и Ситигруп, издадоа предупредувања за 50 отсто шанси за глобална рецесија.