Morgan Stanley: SpaceX ќе го направи Маск трилионер

75

Илон Маск сега е најбогатиот човек во светот благодарение на подемот на Tesla. Но, SpaceX, а не производителот на електрични автомобили, ќе го доведе до статус на трилионер, велат од Morgan Stanley.

Приватната вселенска компанија „ја оспорува секоја однапред сфатена претстава за тоа што е можно и можната временска рамка во однос на ракети, возила за лансирање и инфраструктура за поддршка“, рече Адам Џонас од Morgan Stanley.

Според „Индексот на милијардери на Блумберг“, „SpaceX“ во моментов учествува со помалку од 17 проценти од нето богатството на Маск, проценето на 241,4 милијарди долари. Тоа е откако компанијата беше проценета на 100 милијарди долари во секундарна продажба на акции на почетокот на овој месец.

Џонас, кој проценува дека SpaceX би можел да достигне 200 милијарди долари, ја гледа компанијата како многу структури во едно – вселенска инфраструктура, набљудување на земјата, истражување на длабоката вселена и други истражувања. Сателитскиот бизнис Starlink има најголем придонес во неговата проценка.

И друг пат, имало предвидувања дека Маск ќе биде првиот трилионер во светот, но ова во голема мера се должи на презентацијата на акциите на Tesla. Опсесијата со производителот на електрични автомобили се разгоре особено минатата година и оттогаш не престанува. Само во понеделникот, вреднувањето на средствата ја зголеми нето вредноста на нејзиниот извршен директор за 6,6 милијарди долари.