
ФЕД е доста успешен во борбата против инфлацијата, ја намали инфлацијата на 6,5 отсто, но има уште многу да се оди до крајната цел (2 отсто).
Прашање е колку уште ќе боли, како што во минатото постојано нагласуваше гувернерот Џером Пауел (на последната седница го испушти зборот, што предизвика оптимизам и на Волстрит).
Болна економија и инвеститори
„Инфлацијата е опасна затоа што создава илузии. Компаниите ги зголемуваат цените за 10 проценти, а раководството верува дека им оди добро. Но, тоа не е точно, сè што направија е да ги зголемат цените за 10 проценти. Кога одеднаш веќе не можат, откриено е дека царот е гол. Тоа ќе им наштети на акциите и економијата. Ќе боли“, рече Лиза Шалет од Морган Стенли во интервју за Си-Ен-Ен.
Фото: Pixabay