
Нафтениот картел ОПЕК Плус не успеа да го исполни своето ветување за зголемување на производството за 411.000 барели дневно во мај, според анализа објавена денес од њујоршката банка и финансиска корпорација Морган Стенли.
Квотата за производство на нафта ОПЕК Плус формално беше зголемена за околу еден милион барели дневно од март до јуни, но податоците за протокот на рафинерии, извозот, протокот низ нафтоводите и нивото на залихи не покажуваат значително зголемување на понудата на пазарот, соопшти аналитичкиот тим на банката.
„Саудиска Арабија, особено, не изгледа дека значително го зголемила производството“, според белешка објавена од Блумберг.











