Инвестициската банка „Морган Стенли“ ја зголеми прогнозата за цената на нафтата за првиот квартал од 2023 година од претходно проценетите 95 на 100 долари за барел. Причината за промената на прогнозата е дека договорот на ОПЕК + за остри намалувања на производството и ембаргото на ЕУ за руската нафта (кое треба да стапи на сила во декември) ќе доведат до тесно снабдување.
Алијансата ОПЕК +, која ги собира членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници, вклучително и Русија, вчера на состанокот во Виена одлучи да ја намали екстракцијата на нафта за два милиони барели дневно.
Претходно, во последните две години, производството беше зголемено за да се врати на нивото пред остриот пад поради намалената побарувачка поради влијанието на пандемијата на Ковид во март 2020 година.
„Сега проценуваме дефицит на понудата на пазарот на нафта од 0,9 милиони барели дневно во 2023 година, во споредба со 0,2 милиони барели дневно претходно. Оваа прогноза претпоставува дека руското производство на нафта ќе се намали за 1,0-1,5 милиони барели дневно по стапувањето во сила на ембаргото на ЕУ за увоз на руска нафта“, објави „Морган Стенли“, а пренесува Ројтерс.











