MoRo, робот дизајниран за академски истражувања и едукација

33

moro

Кинеската старт-ап компанија основана во 2015 година, Ewaybot, на CES саемот што вчера заврши во Лас Вегас, го претстави роботот MoRo за којшто велат дека е дизајниран за академски истражувања и едукација, а може да се употребува и како домашен помошник.

MoRo е висок околу 1,2 метри, тежи 36 килограми и има батерија што може да издржи осум часа работа. Неговите раце имаат шест подвижни делови и прсти коишто може да фатат предмети со различна големина и тежина, а рамената може да ги движи горе и доле. Користи RealSense камера и има видно поле од 360 степени, пишува Robotics Trends.

Роботот се продава по цена од 30.000 долари.