Morph е перниче исполнето со мемори пена. Ова мало перниче може лесно да се смести во ранец, чанта или торба за патување.
Густината на мемори пената е многу важна бидејќи ако е премногу мека или тврда нема да му ја даде потребната удобност на корисникот. Исто така и големината на мобилното перниче е важна за да може да ја извршува својата функција без оглед на тоа каде се наоѓа корисникот.
Зад дизајнот на Morph, којшто лесно се пакува во мала пластична футрола, стои Брајан Паркер од Јута. Перничето има навлака од мек кадифен материјал и вграден патент за да може да се пере.
На глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, Паркер бара 20.000 долари. Досега овој проект доби поддршка од околу 9.700 долари, а поддржувачите имаат уште 22 дена да инвестираат во овој старт – ап.