MORPHotel – луксузен пловен хотел што ја менува формата

47

luxury_hotel_travel_morphotel_concept_2_MORPHotel е концепт зад којшто стои Џанлука Сантосусо, архитект од Лондон. Станува збор за луксузен пловен хотел, којшто наликува на јахта, пишува Huffington post.

Но, она што е интересно е тоа што оваа градба се движи онака како што плимата го диктира тоа и помага да се истражи една нова страна на светот.

Формата на хотелот се менува за да може полесно да се движи по водените површини и да патува со мала брзина онаму каде што ќе го одведе плимата. Хотелот застанува на пократки или подолги периоди на локации според желбите на гостите.

Неговата должина ќе изнесува еден километар, така што кога ќе застанува на подолго време и самиот ќе преставува еден вид на пристаниште. Освен тоа, MORPHotel ќе биде еколошки хотел што ќе се грижи за околината.

Целиот простор ќе добива енергија од две различни еко – технологии. Едната ќе биде сончевата енергија, а другата ќе се добива од движењето на брановите. Дел од енергијата ќе се искористи за филтрирање и чување на дождовницата и за отсолување на морската вода.

Пловниот хотел ќе има и своја градина, а дел од него ќе биде приспособен како фарма на вода, каде ќе може да се одгледува зеленчук, ретки животни и да се чува храна.

luxury_hotel_travel_morphotel_concept_3_

86660

luxury_hotel_travel_morphotel_concept_6_luxury_hotel_travel_morphotel_concept_5_