Морска храна од лабораторија: Британска компанија подготвува вештачка храна

60

Најголемата европска групација за производство на замрзната храна, британската корпорација Nomad foods, во понеделникот објави дека, во соработка со американската компанија BlueNalu, ќе го развие производството на морска храна што ќе се одгледува во лаборатории.

Nomad foods најавува дека нивната цел е комерцијализација на лабораториски морска храна со цел да се задоволи зголемената побарувачка, но и бројни барања за зачувување на долгорочната одржливост на природните живеалишта на рибите, пренесува Ројтерс.

Nomad Foods и BlueNalu ќе соработуваат во истражувањето на пазарот и навиките на потрошувачите и ќе се обидат да проценат што е потребно за да се добие одобрение од надлежните регулаторни органи за нивните производи, но исто така ќе истражуваат и нови можности за бизнис и производство за европските пазар.

Европа е најголемиот увозник на морска храна во светот.

За потсетување, Nomad Foods започна да влегува на пазарот во нашиот регион со купување на Групацијата Fortenova за 615 милиони евра.