Фото: Pexels
Руската метропола го доби првиот семафор на соларна енергија, јавува агенцијата ТАСС.
“Семафорот што е дел од новиот систем има два независни извори на енергија: генератор на ветер и соларна батерија“, изјави Вадим Јурјев, шеф на Центарот за организација на сообраќајот.
Бидејќи овие семафори користат алтернативни извори на енергија, според Јурјев, ќе бидат одлично решение за пооддалечените места во Москва.
Соларната батерија нема да биде активна само во летните месеци, туку во текот на цела година.