Од 19-ти јули жителите на Москва нема да мора да покажуваат QR код со којшто се докажува дека се вакцинирани или негативни на коронавирус за да може да влезат во кафуле, ресторан или бар, најави градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин.
Русија, којашто во петокот потврди рекорден пораст на бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот, се соочува со зголемен број на зарази поради ширење на делта сојот и бавната вакцинација.
Две третини од заразените во Русија, од почетокот на јули, се заразени токму со овој сој на коронавирусот.
Претходно, жителите на Москва мораа да покажат QR код со којшто докажуваа дали се вакцинирани или имаат негативен тест за да може да седат во затворен простор во угостителските објекти. Надворешните тераси беа отворени за сите.
Фото: Pixabay