
Рускиот производител на автомобили „Москвич“ планира да го произведе своето прво хибридно возило базирано на новиот кросовер М70, изјави денес извршната директорка на компанијата Јелена Фролова на Источниот економски форум во Владивосток.
Како што изјави таа, „Москвич“ веќе работи на хибридната верзија на М70, чие производство е планирано за 2027 година, а фабриката се обидува дополнително да го забрза развојот, пренесува ТАСС.
Производството на кросоверите М70 и М90 започна во декември 2025 година, додека продажбата започна во март оваа година.
Колку чинат M70 и M90?
Цената на моделот M70, вклучувајќи ги сите попусти и специјални понуди, започнува од 2,7 милиони рубли, што е околу 26.800 евра. За M90 треба да се издвојат најмалку 3,9 милиони рубли, или приближно 38.800 евра. Москвич очекува да продаде помеѓу 1.200 и 1.500 возила во септември, откако во август продаде околу 1.200 автомобили.
За целата 2026 година, фабриката планира да произведе повеќе од 20.000 автомобили. Од нив, помеѓу 5.000 и 6.000 возила треба да бидат моделите M70 и M90, додека остатокот од производството паѓа на постари модели од гамата.












