„Москвич“ ќе објави два нови модели во 2023 година

Рускиот производител на автомобили Moskvich ги потврди плановите за производство на два нови модели за 2023 година – кросовер и седан, се вели во соопштението на компанијата.

„Годинава ќе се појават нови модели на автомобили „Москвич. Тие ќе бидат седан и кросовер, а наскоро ќе ги претставиме на јавноста“, се наведува во соопштението.

Досега, марката нуди два модели: урбаниот кросовер Moskvich 3 и електричниот автомобил Moskvich 3e.

Цената на првиот ќе започне од 26.000 долари, додека вториот модел ќе чини од 45.000 долари.

Фабриката за автомобили „Москвич“ се наоѓа на местото на поранешната фабрика „Рено Русија“, која францускиот производител на автомобили, кој престана да работи во Руската Федерација, ја префрли на владата во Москва во мај 2022 година.