Москвич се враќа – Русите со намера да го обноват производството на познатиот автомобилски бренд

52

Московските власти имаат намера да го обноват производството на патнички автомобили под историскиот бренд „Москвич“. Ова беше објавено на блогот на московскиот градоначалник Сергеј Собјанин.

– Странскиот сопственик одлучи да ја затвори фабриката на Рено во Москва. Тоа е негово право, но не можеме да дозволиме работен колектив од илјадници луѓе да остане без работа – напиша градоначалникот.

Според Собјанин, со обновувањето на производството под познатиот бренд, се очекува да остане голем дел од тимот што работеше во фабриката.

Како што објасни градоначалникот, Камаз ќе биде главен технолошки партнер на реновираната московска фабрика за автомобили.

Истовремено, во рамките на првата фаза се планира да се обезбеди производство на класични возила со мотори со внатрешно согорување.

– Не е исклучено во иднина во Москва да се произведуваат електрични возила – додаде Собјанин.