Moto Repellent – додаток за ауспух на мотоцикл против комарци

43

moto repellent

Во 2015 година, во Тајланд бројот на пациенти од каснување на комарец е зголемен за над 207%. Од таа причина, непрофитната организација Duang prateep foundation, во соработка со рекламната агенција BBDO Bangkok од Тајланд, го создадоа Moto Repellent.

Станува збор за уред полн со нетоксично масло, којшто се поставува на ауспухот на мотоциклот. Од топлината на издувните гасови маслото согорува и се шири во воздухот и до три метри, по што ги неутрализира здодевните комарци.

Мотоциклите се главно превозно средство во сиромашните населби, па така во комбинација со Moto Repellent се одлично решение против комарците.