Технолошките пронајдоци сè повеќе си наоѓаат свое место во домот на скоро секое семејство. Спојот на мебел и технологија полека станува вообичаена слика кога се разгледува ентериерот на еден современ дом.
Американската иновативна компанија Mozayo на пазарот лансираше парче мебел со вграден паметен уред. Станува збор за масичка, во која е инсталиран екран чувствителен на допир. Масичката функционира со Windows 8 Pro оперативен систем и има поддршка за Android апликации.
За сите оние кои сакаат на дофат на раката да ги имаат паметните уреди, оваа мултифункционална масичка може да ја добијат по цена од најмалку 7.000 долари.