Може ли богатиот со гас Израел да ја спаси Европа од енергетска криза?

124

Израел нема да може да ја спаси Европа од кризата со снабдување со гас, бидејќи најверојатно нема да го зголеми својот извоз, изјави висок израелски функционер за „Блумберг“. На овој начин, се срушија надежите на Стариот континент.

Вуди Адири, генерален директор на израелското Министерство за енергија, рече дека комитетот на кабинетот одговорен за гасната политика на земјата нема да му препорача на Израел да го зголеми извозот на сино гориво. Причина: важно е земјата да обезбеди сопствено снабдување со гас и електрична енергија.

Во моментов Израел го ограничува извозот на гас, што претставува околу 40% од годишното производство на гасните компании. Компаниите бараат од владата да им дозволи да извезуваат повеќе поради тешката криза во Европа и релативно малиот внатрешен пазар – во споредба со огромните резерви на гас.

Природниот гас обезбедува околу 70% од производството на електрична енергија во Израел. Во последниве години, неколку големи копнени гасни полиња почнаа да се влеваат во Израел, а земјата извезува во медитеранските земји.

Гасното поле „Левијатан“, откриено во 2010 година, заедно со другите полиња откриени во израелското море во последната деценија, како „Тамар“, „Кариш“ и „Танин“, треба да и помогнат на земјата да стане енергетски независна. Американската компанија „Шеврон“, исто така, е заинтересирана за ова поле и минатата година ја купи „Нобл Енерџи“ во првиот голем договор на американската нафтена индустрија од почетокот на пандемијата.

Во меѓувреме, цените на природниот гас во Европа остануваат на рекордно високо ниво. Во четвртокот, цената на големо на гас во Обединетото кралство, како и европскиот показател во холандскиот центар ТТФ пораснаа. Постуденото есенско време ја зголемува побарувачката за греење.

Наспроти ова, европскиот пазар продолжува да се прашува колку дополнителен гас ќе одлучи Русија да снабдува оваа зима. И по која цена. Европската комисија оваа недела рече дека „сегашните зголемувања на цените најверојатно ќе бидат привремени“.

Сепак, вистината е дека дури и откако пазарот конечно ќе се стабилизира следната пролет, цените ќе останат повисоки од просекот во изминатите години.