Можете ли да издржите 99 дена без Facebook?

50

99DaysOfFreedom-logo

Дали може да издржите 99 дена без да го проверувате вашиот Facebook профил? Данската непрофитна организација Just B.V. бара корисниците да се откажат од оваа популарна социјална мрежа на 99 дена и да учествуваат во оваа кампања.

Кампањата е наречена 99 дена слобода – 99 day of freedom, а анкетата за среќа ќе биде спроведена на 33-от, 66-от и 99-от ден од процесот на следење на корисниците што ќе се откажат од Facebook, пишува Forbes.

Оваа кампања е некој вид одговор на експериментот на Facebook, што бил спроведен на над 689.000 корисници без нивно знаење, а се однесува на влијанието на news feed врз нивното расположение. Уметничкиот директор на данската непрофитна организација, Меријин Стартхоф, вели дека идејата за кампањата доаѓа по неколку недели откако експериментот на Facebook брзо се прошири.

“Кога разговаравме меѓу нас, забележавме интересен тренд – сите имаа прилично компликуван однос со оваа социјална мрежа… Па, некој од корисниците на шега рече: Претпоставувам дека вистинското прашање е како ќе се чувствуваме без Facbook, што потоа предизвика лавина од реакции“, вели Стартхоф.

Facebook има 1,2 милијарди корисници кои одвојуваат најмалку 17 минути дневно на оваа социјална мрежа или 28 часа за три месеци, па се наметнува прашањето дали луѓето можат на покорисен и поубав начин да го трошат своето време.

99 дена не е случајно избрана бројка, бидејќи според Just B.V, доколку периодот е подолг корисниците ќе ја загубат желбата да учествуваат, а од друга страна помалиот број на денови нема да ги даде реалните резултати. Сите членови во оваа непрофитна организација се дел од кампањата.

Целта на овој проект не е да се бојкотира Facebook, туку да им се посочи на корисниците поумерено да ја користат оваа социјална мрежа.