Можно е ММФ да ја одблокира помошта за БиХ

15

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) би требало до крајот на годината да ја деблокира новата транша помош за Босна и Херцеговина во рамките од планот за помош од 405,3 милиони евра одобрени за оваа земја во септември, објави седиштето на фондот во Вашингтон.

Мисијата на ММФ во изминатите две недели престојуваше во БиХ и проверуваше дали владата ги почитува реформите што треба да се спроведат во замена за помош. Во следните неколку дена треба да се решат неколку отворени прашања и со тоа да се отвори пат за исплата на новата транша.

Во септември ММФ и одобри на БиХ заем од 405,3 милиони евра на две години, за земјата полесно да се справи со спорорастечката економија и структурната слабост. Во септември БиХ повлече 60,8 милиони евра од тој пакет.

ММФ констатира дека БиХ остварила голем напредок во буџетските ориентации на земјата во 2013 година и во реформите за одбрана на фискалната стабилност.