Можно е проширување на листата на производи со „замрзнати” цени

51

Министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека не се исклучува можноста да се прошири листата на продукти со замрзната цена, откако со вчерашната одлука не смеат да поскапат основните намирници.

Бектеши вели дека со донесувањето на одлуката основните прехранбени продукти, лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата да се продаваат по цените што ги имале на 1 декември, не значи дека нема да се прошири одлуката и со другите производи.

„Сè зависи од податоците што ќе ги добиеме наредната недела од Заводот за статистика, овие одлуки ги носиме само во интерес на граѓаните и во интерес на нивниот животен стандард“, рече Бектеши.

Владата на вчерашната седница донесе одлука да замрзнат најосновните продукти, односно оние кои што граѓаните најчесто и секојдневно ги купуваат, како што се лебот, млекото, сончогледовото масло за јадење, свежото месо и сувомеснати произовди, како и сирењето и урдата.