Можно замрзнување на цените на основните прехранбени продукти во Русија

49

hrana i pijaloci

Асоцијацијата на компаниите што се занимаваат со трговија на мало во Русија – ACORT, направи нацрт договор за начинот како да се справат со зголемување на цените, пишува рускиот портал Ведомости.

Нивната идеја е, откако Федералната антимонополска служба ќе даде согласност, да се замрзнат цените на одредени производи за период од два месеца.

Сè уште не е позната листата на производи чии што цени ќе бидат замрзнати, но се претпоставува дека ќе се најдат производи што им се потребни на луѓето во секојдневнието. Меѓу нив најверојатно ќе се најдат неколку видови на месо, млеко и млечни производи, шеќер, сол, сончогледово масло, житарки, зеленчук…