Можност за стипендија за млади трансатлански иноватори

22

Германскиот Маршалов фонд на Соединетите Американски Држави (The German Marshall Fund of the United States – GMF) во соработка со американската влада, неодамна распиша конкурс за стипендија за млади трансатлански иноватори (Young transatlantic innovation leader initiative YTILI fellowship).

Станува збор за можност за професионален развој што ќе ги поврзе претприемачите од Европа и Евроазија со клучни контакти од САД.

Иницијативата за оваа стипендија за млади трансатлански иновативни лидери е главна програма на YTILI на Стејт департментот на САД, а нејзината имплементација е поддржана од страна на GMF.

Следната година, преку оваа стипендија ќе бидат ангажирани млади претприемачи од Европа и Евроазија во неколку активности за професионален развој и лидерство. Овие активности имаат за цел да го поддржат развојот на комерцијални и социјални бизниси во нивните матични земји.

Стипендијата вклучува: учество на Отворен сами во Холандија, еднонеделен престој во САД, завршна конференција во Вашингтон и можности за онлајн обуки. Оваа стипендија ќе трае од први април до 31-ви октомври следната година, а патувањето за САД е планирано за септември 2019 година.

Оние претприемачи кои ќе ја искористат стипендијата ќе имаат можност за: пристап до пазарите во САД; раст на европска и американска бизнис мрежа; достапност на ресурсите на YTILI; како и контакти со американски ментори и експерти кои овозможуваат персонализирани обуки и помош за мрежно поврзување.

Повикот за аплицирање е отворен на 15-ти ноември, а завршува на четврти јануари 2019 година.

Доколку сте заинтересирани и имате било какви прашања поврзани со стипендијата, сите информации може да ги добиете на овој мејл [email protected].