Можностите за инвестирање во земјава претставени пред технолошка компанија од Луксембург

35

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими работната посета на Луксембург денеска ја завршија со работен состанок со менаџерскиот тим на компанијата Интелиџент сенсинг солушн (Intelligent Sensing Solutions – IEE S.A).

На средбата со раководството на компанијата, која има висок рејтинг во сферата на иновативните технолошки решенија во автомобилската индустрија, како и во сферата на напредната медицинска технологија, беа презентирани можностите за инвестирање во Северна Македонија. Премиерот Заев и министерот за финансии Бесими ги претставија погодностите кои Северна Македонија им ги нуди на инвеститорите.

Средбата со менаџерите Intelligent Sensing Solutions – IEE S.A се одржа во Стопанската комора на Луксембург на која присуствуваше и претседателот на комората Карло Телен, кој покажа дополнителен интерес за поблиска соработка на компаниите од двете земји преку потесна соработка на коморите.