МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

54

Министерството за труд и социјална политика (MTCП) информира дека од денеска, втори октомври 2020 година (петок), започнува исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец септември 2020 година:

Гарантиран детски додаток; Посебен додаток за месец 10/2020; еднократна парична помош за новороденче; Родителски додаток за трето дете; Родителски додаток за четврто дете; Образовен додаток – Студирање; Гарантирана минимална помош ГМП; Постојана парична помош – ретроактивна исплата; Туѓа нега; Еднократна парична помош; Мобилност и слепило; Цивилна инвалиднина; Социјално домување; Социјална сигурност- социјална пензија; Азиланти домување; Парична помош за згрижувач и Паричен надоместок за згрижувачко семејство

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

– 5 октомври  (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

– 6 октомври (вторник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

– 7 октомври (среда) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од втори октомври  2020 година.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.