Му порачаа: “Продај го бизнисот нема да успееш“, а денес има империја

678

Често слушаме дека не е важно што ќе се каже, туку на кој начин. Уште побитно е како ќе ја примиме критиката.

Oние кои завршуваат на престижниот Универзитет Harvard претежно имаат високо мислење за себе, а склони се и на критикување на другите. Но сето тоа им се простува бидејќи имаат “покритие“.

Моментално најбогатиот човек на светот, Џеф Безос студирал на Универзитетот Princeton, а во 1997 година имал можност да разговара со студенти од Harvard, за својата онлајн продавница Amazon.

Еден од нив му рекол: “Делуваш како фин човек, така да не ме сфаќај погрешно. Но, навистина треба да го продадеш бизнисот на Barnes & Noble и излезеш од таа приказна“.

Секако, денес е јасно кој на каква позиција е од овие два онлајн продавачи.
Кога имате бизнис што се потпира на иднината отколку на сегашноста, морате да бидете подготвени на критики, бидејќи луѓето за вас и вашата работа говорат во однос на она што го гледаат сега. Безос тие зборови едноставно ги игнорирал.

Ако се фокусираме не само на тоа што е речено, туку и како е речено, ќе сфатиме дека реченицата “делуваш на фин човек, па немој да се навредиш“ е изговорена со намера соговорникот да не понижи и да се чувствувате инфериорно.

Експертите велат дека кога некој ќе ви рече “немој да се навредиш“ значи дека очекува да изреагирате пасивно и не ги браните своите идеи.

Според ранг листата на Brand Finance Global 500 за 2020 година, американскиот гигант Amazon е трета година по ред највреден светски бренд, којшто зад себе ги остави Google и Apple.

Фото: Pixabay