Mu tag, уред што помага да не ги изгубите предметите

47

mutag

Фото: Kickstarter

Mu tag е мал дискретен електронски уред што им овозможува на корисниците секогаш да знаат каде се наоѓаат нивните предмети, пишува Tribune.

Минијатурниот дизајн на овој уред го прави лесен за носење и може да се залепи на секакви предмети (од автомобил до најмали предмети). Предметите на кои се наоѓа Mu tag се следат преку апликација на паметен телефон што испраќа известување на корисникот со потсетување каде е оставен предметот и го предупредува доколку премногу се оддалечи од предметот.

Уредот беше поставен на платформата за групно финансирање Kickstarter каде успеа да собере 106.000 долари од потребните 25.000 долари.