Мудис го подигна рејтингот на Португалија

12

Агенцијата Moody’s Investors Service го зголеми рејтингот на португалските државни обврзници за две нивоа, и укажа на „солидни“ изгледи за среднорочен економски раст.

Рејтингот беше ревидиран на А3 од Baa2, со стабилна перспектива, соопшти њујоршката компанија за кредитен рејтинг.

Овој скок ги одразува „одржливите позитивни кредитни ефекти на среднорочен период на низа економски и фискални реформи, раздолжување на приватниот сектор и тековно зајакнување на банкарскиот сектор“, се вели во соопштението на агенцијата, пренесено од Блумберг.

Иако се очекува економијата на земјата да забави оваа година, по закрепнувањето по пандемијата, владата планира да продолжи да го намалува товарот на долгот. Португалија имаше трет највисок сооднос на долгот во еврозоната во 2022 година, а Европската комисија претходно оваа недела прогнозираше дека ќе се рангира на шестото место во 2023 година, бидејќи нејзиниот сооднос долг кон БДП паѓа под нивоата на Франција, Шпанија и Белгија.