Mудис: Русија е можеби пред банкрот

89

Русија можеби е на работ на банкрот бидејќи се обиде да ги сервисира своите доларски обврзници во рубљи поради санкциите наметнати од Западот поради војната во Украина, што е прво сериозно неисполнување на обврските на Москва за странските обврзници од болшевичката револуција во 1917 година, објави рејтинг агенцијата Мудис.

На 4 април Русија ги исплати своите обврски врз основа на две државни обврзници – со рок на доспевање од 2022 и 2042 година – во рубљи, а не во долари, како што налагаат условите од договорот за продажба на овие хартии од вредност.

„Затоа, според дефиницијата на Мудис, може да се смета дека Русија нема да ги подмири своите обврски доколку не го стори тоа до 4 мај, кога истекува грејс периодот“, се вели во соопштението на агенцијата објавено во четвртокот, пренесе Ројтерс.