Мудри мисли од филмската легенда Чарли Чаплин

210

Чарли Чаплин (1889-1977) стана голема филмска ѕвезда уште пред тој термин да биде измислен. Умееше од нем филм да направи одлична комедија.

Неговиот огромен талент од секојдневните човечки маки да создаде брилијантни комедии го направи легенда на филмското платно што уште долго време ќе се памети.

Улогата како скитник го прослави во целиот свет, а честопати беше голем критичар на богатите и моќните, земајќи ги во закрила оние што немаа многу среќа.

Во продолжение неколку мудри изреки од британскиот комичар.

Никогаш нема да го видите виножитото ако гледате надолу.

Неуспехот не се смета. Треба голема храброст да направиш будала од себе.

Секогаш сакам да пешачам на дожд. Така никој нема да ме види дека плачам.

Ништо не е вечно на овој свет, ни нашите проблеми. 

Сè што ми треба да направам комедија се парк, полицаец и убава девојка.

Имагинацијата е ништо ако нема создавање.

Премногу размислуваме, а премалку чувствуваме.

Ако на нешто му треба дополнително објаснување од некој друг освен креаторот, тогаш можеби истото не ја исполнило својата цел.

Човечки е да си помагаме. Сите сакаме да живееме покрај среќни луѓе, не тажни.

Фото: Facebook