Мудри одлуки

21

pravec-pexels

Фото: Pexels

Според некои истражувања, дневно донесуваме околу 70 одлуки. Некои од нив се минорни, како на пример, што да јадеме или по кој пат да одиме до крајната цел, но некои од нив се со големо значење. Мудроста е во тоа, сите тие одлуки да се донесат најправилно што може, затоа што одлуките коишто ги донесуваме секојдневно, речиси секогаш се директно или индиректно поврзани и влијаат на вашиот животи, но и на животот на вашите најблиски.

Од друга, пак, страна, многу често се соочуваме со донесување на тешки одлуки, па згора на сè, тие и не зависат од нас. Во нивното крајно остварување се инволвирани една или повеќе личности, а консеквенциите што може да ги имаат тие, не ги знаеме однапред. Мал милион работи се инволвирани, па затоа во вакви ситуации или тотално се збунуваме или едноставно избегнуваме да ја донесеме одлуката.

Убавината е во тоа што со толкав број донесени одлуки, на дневна основа, со тек на време веќе ќе морате да знаете како да им дадете приоритет и како секоја одлука да биде мудро донесена од претходната. За да го направите тоа тогаш ќе треба:

  • Слушајте – веќе неколку пати сме зборувале за ова, но слушајќи дефинитивно многу ќе си помогнете во донесувањето на одлуката. Кога зборувам за слушање, мислам на активно слушање каде што покрај тоа што ќе ги слушнете работите што ќе ви ги кажат, ќе може и да ги процесирате и да си дефинирате нешто во вашите мисли.
  • Подобрување – секој ден работете на подобрување на вашите способности за донесување на одлуки. Минорните одлуки нека ви станат рутина и учете од грешките при нивно донесување, а повеќе внимание дајте на тешките одлуки. Нека секоја наредна е подобра од претходната.
  • Анализирајте – одвојте време за добра анализа на работите. Анализирајте ја моменталната состојба и вие во неа и пробајте да ги изанализирате некои состојби и вие во нив, со минимум две различни одлуки.
  • Интегрирајте – пробајте да ја направите целата мрежа. Анализирајте ги и последиците што можете да ги имате со минимум две различни одлуки не само на вас туку и на средината околу вас (директно или индиректно) со сите информации што ќе ги имате. За да го направите тоа, ќе треба да ги:
  • Менаџирате информациите – сите што ги добивате да ги процесирате и да ги складирате во фолдери кои после ќе ви помогнат во малата и големата слика.

Имајќи го сето ова горенаведено, пробајте да донесувате мудри одлуки во наредниот период и бидете сè подобри во тоа.

Со успех во промените.

 

Ако имате прашање за Калин Бабушку, можете да го поставите на Бизнис советник.