Мукаетов ги пречека кадетите кои го освоија ЕХФ шампионатот, ќе бидат наградени со 700.000 денари

27

Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов организираше дочек за кадетите кои го освоија ЕХФ шампионатот. Репрезентацијата на Македонија во финалето ја совлада Швајцарија со 24-22. Претходно репрезентацијата ги совладаа селекциите на Летонија, Турција и Косово во групата, а потоа и во полуфиналето го совладаа Луксембург.

Со освоеното прво место на шампионатот, Македонија директно се пласираше на младинското ЕП во 2024 година и кадетското СП 2023 година.

„Голема чест, голема работа, горди сме на вас што ја вративме Македонија во елитата. Вам ви претстои светла иднина, но многу да работите, заедно да градиме успех, ова е светска работа и многу сум ви благодарен. Ние сме тука за вас да работиме како федерација, да градиме успешна приказна. Ракометот е спорт број 1 во Македонија и да продолжиме да работиме како досега. РФМ ќе побара од УО ракометарите да бидат наградени со 700.000 денари. Уште еднаш ви благодарам и ви посакувам уште многу вакви резултати и успеси“, истакна претседателот на ракометната федерација Живко Мукаетов.