Munch Bowls – веганска чинија што може да се јаде

45

Старт – ап од Јужна Африка, наречен Munch Bowls, креираше вегански чинии од пченица што можат да се јадат. Според креаторите, чиниите можат да “издржат“ и жешка супа до пет часа, а можат да се употребуваат до 15 месеци.

Особено се погодни за користење при забави, излети и корпоративни настани. Од стартапот велат дека досега имаат продадено вакви чинии на хотели и компании од угостителската индустрија во Јужна Африка, Белгија, Сингапур и Дубаи.

Чиниите се изработуваа рачно, но поради големата побарувачка компанијата нарача машина што може да произведе 500 вегански чинии за еден час.

Една чинија се продава за 33 центи, а до крајот на следната година стартапот се надева дека ќе може да произведува и останат прибор што се јаде како лажици, чаши за кафе и слично.

Фото: Pixabay