Мурал со поема стара 2.000 години на новата продавница на Apple во Кина

60

mural apple

Технолошкиот гигант Apple продолжува со својата експанзија, овој пат преку отворање на нова продавница во Кина. Овој продажен салон во градот Хангжоу, препознатлив по прекрасното езеро Вест лејк (West Lake) се одликува со модерен дизајн, по што Apple е веќе препознатлив. Она по што се одвојува од останатите е прекрасниот мурал што се протега низ целата фасада на продавницата.

За дизајнот на фасадата е задолжен кинескиот калиграф Ванг Донглинг, кој напиша кинеска поема стара 2.000 години, а го носи насловот Фалејќи го West Lake пред дождот, пишува порталот Apple Insider.

kaligraf

“Ја одбрав оваа поема бидејќи сметав дека најмногу одговара. Хангжоу во исто време е и традиционален град што во себе ја крие древната кинеска култура и е модерен и отворен град“, вели калиграфот Донглинг, кој ја нагласува огромната љубов кон калиграфијата како уметнички израз.

Оваа продавница беше отворена овој викенд, а според најавите, до крајот на 2016 година во Кина се очекува да се отворат уште 25 нови продажни салони на Apple.