Musician’s Mirror, камера што им помага на музичарите да го подобрат држењето

37

piano

Фото: Pixabay

Артур Каработ од Кралскиот колеџ за уметност од Лондон направи камера што користи аудио и визуелен фидбек за да им помогне на музичарите да го подобрат нивното држење и техника, пишува Dezeen.

Користејќи го Musician’s Mirror изведувачите избираат делови од нивното тело за да ги следат и предупредат за добри или лоши позиции и е прилагодлив за различни инструменти. Камерата ги снима музичарите и им дава повратни информации кога ќе направат однапред дефинирана лоша навика.

Камерата се поврзува со таблет или паметен телефон, а музичарот избира кој дел од неговото тело треба да се следи. Ако позицијата на музичарот е лоша тогаш на паметниот телефон ќе се појави аудио повратна информација.