МВС го менува Windows за Linux

52

linuxКомпјутерите во Меѓународната вселенска станица, наместо Windows XP наскоро ќе почнат да го користат Linux оперативниот систем, во обид да се подобри нивната стабилност.

“Клучните функции ќе ги префрлиме од Windows на Linux, бидејќи ни е потребен оперативен систем кој е стабилен и сигурен”, велат од МВС.

Покрај стабилноста и безбедноста, Кит Чувала вели дека сакаат оперативен систем што ќе можат да го контролираат од самата станица, доколку треба да се надградува или адаптира.

Компјутерите на МВС во 2008 година беа инфицирани со вирусот W32.Gammima.AG. Префрлувајќи се на Linux, компјутерите во станицата ќе бидат имуни на инфекции.

Научната заедница веќе го користи Linux по сопствен избор. Овој оперативен систем го користат Cern, НАСА, SpaceX станицата, како и лабораториите за ДНК.