Myo – нараквица на иднината што со мало движење го управува компјутерот

24

myo 2

Старт – ап компанијата Thalmic Labs планира да ја лансира Myo нараквицата што овозможува да се управува со компјутерите на еден мошне чуден начин.

Сензорите во овој уред ја мерат електричната активност на движењето на раката и препознаваат која е командата што ја дава. Овој изум би требало да работи со Windows, Mac, iOS и Android уредите, а во претпродажба ќе чини 149 долари.

myo 1

Иако технологијата со следење на движењата не е ништо ново, она што Myo се разликува од другите уреди е тоа што не е потребна камера за следење на движењата.

На сајтот Thalmic Labs пишува дека наскоро ќе биде објавена и целата листа на компатибилни апликации и програми.

myo

“Градиме иднина со интеракција меѓу луѓето и компјутерите и одушевени сме поради начинот на кој компјутерскиот интерфејс ќе ги ни го обликува животот“, велат од Thalmic Labs.