МЗ: 19 новозаболени од коронавирус во земјава

103

Министерството за здравство (МЗ) информира дека вчера попладне и во текот на ноќта, преку Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), на коронавирус беа тестирани 71 лице.

Од нив две лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија, кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија.

Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.

На клиниката Жан Митрев се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот.

Со ова бројката на новозаболени до 10 часот е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67.