МЖСПП и Катастарот ја освоија првата награда на конкурс распишан од ЕК

68

IMG_2312Електронска апликација Да ја заштитиме животната средина, идеја на македонското министерство за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за Катастар го освои првото место на натпреварот за идеи распишан од Европската Комисија, во рамки на проектот Инспирација за земјите од Западен Балкан.

“Она што за нас како Министерство е од особено значење е што со оваа апликација ќе се овозможи поврзување на информациите кои ги обезбедува нашиот мониторинг систем со кој се мери нивото на загаденост на воздухот, водата, почвата и бучавата, со геопросторните податоци од Агенцијата за катастар на недвижности. Токму на овој начин ќе се пополни досегашната празнина и ќе се овозможи просторна локација и мапна презентација на податоци од Скопскиот регион, кои ќе станат лесно достапни и применливи за сите заинтересираните субјекти”, изјави Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Соња Лепиткова.

Пилот апликацијата е предвидена да се спроведе на територијата на Скопскиот регион, вклучувајќи ги 17-те општини: Аеродром, Арачиново, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Зелениково, Илинден, Карпош, Кисела Вода, Петровец, Сарај, Сопиште, Студеничани, Центар, Чаир, Чучер Сандево, Шуто Оризари.

Освојувањето на наградата подразбира дека Европската Комисија ќе обезбеди средства за изработка на софтверската апликација. Во конкуренција за истата беа уште девет други идеи.